Ескобар и Лајчак во Косово: Нема да наметнуваме модел на спогодба со Србија
Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на крајот од нивната тридневна посета на Косово изјавија дека намерата не им е да наметнуваат некаков модел на договор за решавање на споровите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој нагласи дека САД очекуваат Западен Балкан да се приклучи на ЕУ, а од Косово се бара да го спроведе она за што се согласило во претходните договори и да изнајде модел за формирање на Заедницата, без да се повреди суверенитот на државата.
– Не значи дека тоа треба да бидат модели кои наштетуваат на суверенитетот на Косово. Треба да се изнајдат модели и тие да се имплементираат. Намерата не ни е да наметнуваме нешто. Ние веруваме дека сите земји на Западен Балкан треба да се признаат меѓу себе и да се приклучат на Европската унија, рече Ескобар, повторувајќи дека „САД силно ги поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Косово.
Претставникот на ЕУ, Лајчак, нагласи дека „Косово е рамноправна страна во дијалогот“ и дека не му се бара на своја територија да формира „нова Република Српска“.
– Заедницата е постојано тема на дијалогот. Косово е рамноправна страна во дијалогот и на Косово ништо не може да му се наметне. Никој не сака нова „Република Српска“ во Косово. Но вие имате преземено обврска и не треба да се плашите од нешто непостоечко, туку треба да излезете со ставови, рече Лајчак.
Посредниците на САД и ЕУ престојуваа во Косово од понеделникот и се сретнаа со претседателката на државата, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со лидери на опозицијата и претставници на косовските Срби, како и со претставници на меѓународната заедница во Косово и на граѓанските организации.
Во најновиот заеднички обид на САД и ЕУ да го заживеат процесот на преговори, по престојот во Приштина, Ескобар и Лајчак ќе ја продолжат посредничката мисија со дводневна посета на Белград.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец