Ердоган: Турците ќе ја креираат иднината на Европа
Иднината на Европа зависи од Турците кои живеат во европските земји, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митинг во пресрет на референдумот за уставни измени, со кои тој би добил поголеми овластувања.
- Пет милиони наши браќа од Турција се населија во Европа и тие ќе ја креираат нејзината иднина, рече Ердоган во обраќањето пред неговите приврзаници,
Како што јави агенцијата Анадолија, Ердоган нагласи дека „шминката од лицето на Европа се избришала и таа сега покажала дека е антиисламска и дека е нетолерантна кон муслиманите“.
Тој додаде дека „некои европски држави“, кои одбија да им дозволат на турските министри да држат митинзи на нивна територија во престет на референдумот, „ги отвориле вратите за членови на терористички групи против кои се бори Туцрија“.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата