Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Анкара.
-Руско-украинската војна, која предизвика многу невини жртви и огромно уништување,мора да прекине сега – нагласи Ердоган.
Турскиот претседател посочи и дека дипломатската иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија е во согласност со досегашната политика на Турција.
Тој додаде дека уште еднаш му ја нагласил на Зеленски целосната поддршка на Турција за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и подготвеноста на Анкара да ги обезбеди сите видови поддршка за да може преговорите да доведат до траен мир.
Од своја страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека турско-украинските односи се на високо ниво, како и секогаш, и им се заблагодари на претседателот и народот на Турција за тоа.
-Турција зазеде многу принципиелна позиција за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина – рече тој, додавајќи дека Анкара помогнала за ослободување на украински војници и цивили.
Зеленски исто така истакна „преговорите не треба да се случуваат зад нашиот грб“. Тој, исто така, рече дека Турција и Европа треба да учествуваат во дискусиите за завршување на војната.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација