ЕК вети финансиска помош за земјите членки што примаат бегалци
Европската Комисија ќе им обезбеди финансиска помош на земјите членки на Европска Унија, кои ќе учествуваат во шемата на релокализација на бегалци, најави еврокомесарот за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас.
На Глобалниот форум за бегалци во Женева, земјите членки на ЕУ се заложија дека ќе отворат 30.000 места за бегалци и баратели на азил, со што ЕУ станува „најголемиот контрибутор“ во напорите за релокализација на бегалци, најави Схинас, но додаде дека се надева дека повеќе земји ќе се придружат кон овој проект.
– Кога соработуваме, создаваме трајни, ефикасни и безбедни системи за да понудиме заштита за најранливите ширум светот, изјави Схинас.
Релокализацијата на бегалци е алатка со која им се помага на барателите на азил да пристигнат на европско тло во безбедни и легални услови.
Миграцијата е еден од врвните приоритети на новата ЕК откако сите напори во последните години да се изнајде трајно и одржливо решение пропаднаа. Релокализацијата на бегалците е еден од клучните елементи во миграциската политика на ЕУ.
– Ова е клучна компонента во целисходниот пристап кон миграцијата која треба да продолжиме да ја развиваме, заедно со партнерствата со трети земји. Амбициозните заложби на земјите членки мора да продолжат и ЕУ ќе ја обезбеди потребната помош, изјави Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот