Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се сретна со коизвестителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка и Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија.
Како што соопшти денеска собраниската прес-служба, разговорот на известителите со претседателот Џафери бил фокусиран на настаните по предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, надминувањето на политичката криза, актуелната политичка состојба и на решавањето на идните предизвици.
Известителите му посакале успех во работата на Џафери и изразиле очекување дека наскоро ќе биде формирана и Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го рефлектира распоредот на силите во Собранието и со која ќе имаат блиска соработка.
- Постмониторинг дијалогот, во кој во моментот се наоѓа Република Македонија, има за цел да го поддржи напредокот кон демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, како и целосното исполнување на обврските во однос на сите конвенции на Советот на Европа, кон кои државата пристапила. Дијалогот се заснова на оцените за ситуацијата и напредокот кои Комисијата ги прави во соработка со националните власти, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка