Македонија
19. November 2018 - 8:28

Џафери на 66. годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО во Канада

 Македонска делегација, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.

Предвидено е обраќање на Џафери на годишната сесија, а можни се и средби на маргините на настанот, информира собраниската прес-служба.

Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието Весел Мемеди и пратениците Илија Димовски и Катерина Кузмановска.