-->
-->
Два умерени земјотреса го погодија Бодрум
-->
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во 8:18 часот по локално време во регионот на турското одмаралиште Бодрум, во Југозападна Турција, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили.
Епицентарот на земјотресот, кој е почувствуван во Бодрум и околните населни места, бил во селото Панарлабелен. Земјотресот предизвикал паника и жителите во регионот излегле на улиците.
Во 8:44 часот е регистриран втор земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Двата земјотреса биле на длабочина од седум километри.
Земјотресите предизвикаа паника во регионот на Бодрум, кој на 21 јули беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија