Македонија
25. March 2024 - 12:34

ДУИ го проширува Европскиот фронт

ДУИ го проширува Европскиот фронт.

Според најавите лидерот на партијата Али Ахмети денеска во Тетово ќе потпише договор за заеднички настап на изборите со Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи, како и со европската демократска партија на Аријанит Хоџа.

Кон Европскиот фронт следните денови се очекува да се приклучат и Турската демократска партија и Сојузот на Ромите на Курто Дудуш.

Минатата недела Ахмети ја официјализираше соработката и со партијата Народно движење Скендер Реџепи Зејди.

Детали од денешниот настан пренесуваме во Вестите во 16 часот.