ДУИ: Ги зголемивме пензиите, минималната и просечната плата
Демократската унија за интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска и енергетска криза.
По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава.
На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од Септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии.
Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, се обврзавме и овозможивме во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000
денари.
Статистичките пресметки предвидуваат дека во текот на 2022 година во буџетот на пензионерите ќе се инкасираат околу 12.000 денари повеќе од 2021 година.
Демократската Унија за Интеграција како дел од Владата посветено ќе продолжи со спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните.
Демократската унија за интеграција
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК