Свет
1. March 2025 - 20:32

Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се врати на преговорите со САД.

Дуда истакна дека не гледа дека кој било друг освен САД има моќ да ја запре руската агресија врз Украина и дека за Зеленски најдобро би било да ги продолжи преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Со оваа изјава полскиот претседател реагираше на јавната расправија меѓу Зеленски и Трамп вчера во Белата куќа.