Македонија
26. February 2025 - 12:57

Дожд и повремен снег во наредните денови

Во четврток ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до -4, а максималната денва ќе достигне 15 степени.