Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
Во просториите на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во Скопје, се спроведе добротворна акција на дарување и распределба на хуманитарна помош за ранливите категории граѓани. Хуманитарната акција, како што рече Дејан Петанчески - еден од организаторите, е остварена од здруженијата „Хуманитарни акции - Македонија“ и „Хуманост 2022 - Подај рака“.
-Оваа акција е наменета, пред сѐ, за социјално-ранливите категории граѓани - самохраните родители, децата со посебни потреби и сите оние во Македонија на кои, за жал, им е неопходна помош. Во овој миг имаме оброци, сокови, облека, имаме сѐ!, нагласи Петанчески.
Тој притоа им се заблагодари на компаниите и поединците кои придонесоа со свои донации во акцијата и ги повика сите луѓе и фирми кои се во можност, исто така, да донираат во неговата „Подај рака“.
Претседателот на „Хуманитарни акции - Македонија“, Владимир Чолаковски истакна дека тие имаат свои ограноци во повеќе градови ширум цела држава - Охрид, Струмица, Куманово, Штип итн. и помагаат секаде каде што е потребно.
-Некаде е потребна облека, храна, а некаде - реновирање на куќа... Преку проектот „Донирај лек“, годишно на над 2.000 луѓе им помагаме со снабдување со лекови, изјави Чолаковски.
Напролет, се наведува, следат и младински матурантски донации, за 100 до 300 деца и млади од посиромашните семејства да добијат нова облека, шминка, но и забарски преглед и интервенции. За таа цел, според Чолаковски, во овие добротворни и доброволни потфати се вклучуваат и сѐ повеќе стоматолози.
Се повикуваат и училиштата - да земат што поголемо учество во овие хуманитарни акции.
Ново на Сител
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица