Димитров и генералниот директор за европска соработка во холандското МНР разменија подароци
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и генералниот директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас, по денешната средба разменија подароци. Министерството за надворешни работи на Македонија од Холандија доби подарок, типичен холандски велосипед, соопшти МНР.
- Во септември Европа ја одбележува неделата на мобилност, а со овој гест Димитров и Ван дер Плас испраќаат порака за подобрување на безбедноста и условите за возење велосипед во Скопје и останатите градови во Македонија, се наведува во соопштението.
Кралството Холандија и Македонија континуирано разменуваат искуства на ова поле, благодарение на традиционално богатата велосипедска култура во Холандија. Преку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае врз обезбедување почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија преку својот пример и директна поддршка ќе продолжат да се залагаат за враќање на вело-културата во Македонија.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација