Детали за тешката сообраќајка во која загина 28-годишна скопјанка
Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полноќ на автопатот Велес – Скопје пред населбата Отовица.
МВР соопшти дека П.М. (55) од Скопје, управувајќи автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел. Сопатничката М.М. (28) од здобиените повреди починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М., со возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница Велес.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Поради сообрачајката, патниот правец клучка Велес-нас.Отовица беше во целосен прекин во периодот од 01.40 до 04.00 часот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе