Дескоска на ФБ: Од ВМРО-ДПМНЕ го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат
Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук профил напиша дека од ВМРО-ДПМНЕ го бараа државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, а не сакаат да го слушнат на јавната расправа за законот за јавно обвинителство.
-Денеска продолжува јавната расправа за Законот за јавно обвинителство. И денес матрицата на ВМРО – ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовевски и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат. И спротивно на Деловникот се противат да кажам кои се следните чекори во градење консензус околу законот, напиша Дескоска својот Фејсбук профил.
За време на вчерашното обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од галеријата каде што новинарите ја следат јавната расправа ставија траспарент на кој пишуваше: Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба? (чл.60, закон за ЈО).
Во јавната расправа учествуваат претставници на правната фела, обвинители, адвокати, професори од правните факултети и од НВО секторот, како и пратеници од сите политички партии. Предност во изнесувања на своите забелешки им е дадена на претставниците на стручната и експертската фела.
Ново на Сител
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот
-
Коцевски: Се бара краткотраен притвор за 10 лица, ова е ерозија на системот
-
Крешник Бектеши се поврзува околу фалсификуваните лиценци за дискотеката во Кочани
-
Од утре темелна истрага, контрола на сите дискотеки во државата и немилосрдна борба против корумпираниот систем
-
Мицкоски: Ќе има силна кривична одговорност, независно кој од која партија е, на која функција или од која институција