Денеска се слави светецот кој умре со маченичка смрт
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 април.
Денеска е Св. свештеномаченик Василиј Амасиски.
Василиј, епископот на град Амасија, пострада како жртва на повампиреното паганство заради личните страсти на Ликиниј, кој царуваше со поделената Римска империја во почетокот на четвртиот век заедно со светиот цар Константин Велики. Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, којашто беше на служба кај царицата. Таа ѝ се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Беше радосна што најде прилика да си ја спаси девственоста и за ова ѝ пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и ѝ испраќаше пари за црковниот храм во Амасија. Но едно од овие писма од Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, нејзе и епископот. Во меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж заврши под меч, а телото му го фрлија во морето, во 322 година. По укажување на Божји ангел неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи и го пренесоа во Амасија, каде што чесно го погребаа во црквата што ја беше подигнал самиот. Царот Константин крена војска против Ликиниј, го победи и го фати и го испрати во ропство во Галија, каде што заврши неговиот богоотпаднат живот.
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука