Дебата: Каков попис и избирачки список и треба на Македонија?
На Македонија и е потребен попис што поскоро, е заклучокот од дебатата што денеска се одржа во Центарот на заедницата во Струмица во организација на НВО Инфо Центарот.
Учесниците на дебатата истакнаа дека пописот е неопходен за согледување на состојбата со населението од сите аспекти.
- Неминовна е потребата од што побрз попис на населението на РМ, бидејќи имаме големи разлики на населението на што укажуваат и извештаите на Светска банка и на Евростат. Во изработката на Избирачкиот список голема улога ќе има пописот. Разликите постојат и во регистарот на државјани и во Избирачкиот список и треба да се најде заедничко решение за доброто на државата, за создавање кредибилен список со кој мирно ќе може да се оди на избори, рече Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.
Според него, немањето политичка волја е причина за долгогодишното одлагање на оваа најголема статистичка операција. Смета дека Македонија мора да ги почитува статистичките препораки на Обединетите нации и „Евростат“ за да има признати и споредливи бројки.
Од НВО-инфо центарот од Скопје велат дека повеќе години стојат зад тезата веднаш да се спроведе пописот.
- Го спроведуваме проектот „Демократијата начин на живеење“. Во таа насока, повеќе години наназад ја туркаме тезата за одржување на пописот. Свесни сме дека во овие денешни политички случувања нема услови за организирање попис. Потребно да се одржат избори, да се избере Влада која пак ќе треба да спроведе кредибилен попис, рече Билјана Бејкова од НВО- инфо центарот од Скопје.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија