ЦУК: Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница
Регионалниот ЦУК Тетово и денеска спроведува активности за потрага по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница, кое за исчезнато беше пријавено во неделата.
Како што информираа оттаму, на терен биле двајца вработени во РЦУК Тетово, пет лица од ДЗС Тетово, три полицајци од ПС Жеровјане, три лица од Општина Брвеница како и градоначалникот, и едно лице-нуркач од ТППЕ Тетово.
-За расчистување на дрвјата, што беа паднати во речното корито на река Вардар, беше ангажиран еден багер што е во приватна сопственост. Паднатите дрвјата беа отстранети од реката кај селото Теново, а беше интервенирано и кај браната во село Радиовце каде што е испустот за водата што беше заглавен од наноси на паднати дрвја. Два нуркача од ДЗС пребаруваа детално во реката на местото каде што беа паднатите дрвјата. Согласно досегашните податоци и информации денеска до 16.00 часот не е пронајдено исчезнатото лице, соопштија од ЦУК.
Информираат дека потрагата би требало да продолжи во наредните денови, при што на терен, покрај досегашните ангажирани луѓе, треба да излезат и околу 50 полицајци.
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите