Македонија
8. March 2025 - 21:24

Протестен марш „Нека јадат ружи“

Што ќе ни се ружи кога немаме за леб. Наспроти 10 вработени мажи има 10 вработени жени. Со протестен марш во Скопје се одбележа Денот на жената. Демонстрантите со свирки, тенџериња и лажици маршираа од Универзална, преку Влада за да завршат пред Жена парк. 

На жените им побараа денеска да ги бојкотираат домашните обврски, ама и да не пазарат во трговските центри и маркетите.

Македонија не може да се пофали со родова еднаквост во политичкиот свет. Имаме две градоначалнички и 79 градоначалници. Во актуелната влада седат три министерки, наспроти сите останати министри. Европската Унија нотира дека ќе ни треба половина век за да постигнеме родова еднаквост на политичката сцена.