Чудесна метаморфоза: Милановиќ пред нашите очи се претвара во Карамарко
ТПортал - Загреб
Зоран Милановиќ почна да се умилкува на десницата со приказната за „дедовците усташи”, потоа се засили со лошиот поглед и заканите кон Србија околу регионалната јурисдикција. СДП се чини се откажа од ангажирањето за кампањата за „урбаните” музичари, како до сега незаобиколниот Горан Баре. Преминуваат на Газдите, тамбурашите кои сигурно ќе жарат и палат по градските плоштади и пожарникарските домови.
Врвот на трансформацијата сепак е најавата дека повеќе нема да се судира со својот клучен опонент, туку тоа ќе го препушти на експертски тимови! Ако паднеше уште и некој ситен вербален гаф, или барем да ја спомнеше дигитализацијата, би се заколнал дека тоа го зборувал некој сосема друг...
Со потсмев Зоран Милановиќ со години го туркаше неволниот Томислав Карамарко. „Излези и бори се”; мислам дека е време да излезе од таа глувчешка дупка во која се сокрил, дофрлуваше на тогашниот шеф на ХДЗ кој и без соперник пред камерите често вербално се заплеткуваше. Милановиќевите изборни стратегии, додека ги водеше Алекс Браун, цврсто се темелеа на „ние или тие” и одговори на сметка на гафовите на Карамарко. И сите чекавме и се прашувавме дали Карамарко конечно ќе попушти, ќе излезе на мегдан па да доживее вербален масакр. Не излезе, се вадеше на дебати на тв програми и тимови и се потпираше на партиските војници кои на гласачките места вадеа се што можеше да оди и да заокружува.
По аферите поврзани за МОЛ, Карамарко ја урна својата (О.К. Орешковиќева) влада, замина од чело на ХДЗ и ја остави партијата во незавидна позиција пред новите избори. Милановиќ остана без омилената мета, а новиот лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ на драга волја прифати директно соочување.
И токму тоа несодржинско соочување со човек кого многумина го прогласуваат негов политички и интелектуален близнак, стана ороз за таа чудесна метаморфоза на шефот на СДП.
„Мојот дедо беше усташ” - испука со ништо не предизвикан Милановиќ тогаш пред камерите, имајќи веројатно намера да го импресионира гласачкото тело на својот опонент. Тоа „екстремистичко бонбонче” го замотка во одговор за рушењето на споменикот на Миро Барешиќ, но сето тоа излезе вештачки и непотребно како и кога пораон потенцираше дека Ливњак е „тутунски зет”, а немаше листа за дијаспората.
Тој и порано имаше калкулаторски фази, но не и целосна трансформација. Веќе во легендите влезе неговата реченица „нема да ни треба” на упорното прашање дали планира соработка со ХДССБ и нивниот контроверзен основач Бранимир Главаш, баш додека неговите „Соколи” вежбаа марш и ги гланцаа црните униформи на згрозување на целата држава.
Но, на прашањето дали треба да се забрани поздравот „За дом спремни” и Милановиќ цитираше некакви одлуки на Уставниот суд, наместо јасно да каже „да”, како што тоа го очекува главнината на неговото гласачко тело.
Милановиќ нагази и на Србија, барајќи поддршка од бранителските здруженија, чии членови од вчера го мрцвареа министерот Предраг Матиќ.
„Господин Дечак и јас разговаравме за проблемите со кои е соочена бранителската популација, за тоа што не сме го направиле за четири години и за тоа што можевме да направиме. Клучниот разговор секако беше за состојбата со хибридниот закон кој го има Србија, врз чиј основ се суди на хрватските бранители за наводни кривични дела направени на подрачјето на поранешна Југославија со што имаме сериозен проблем кој ќе мораме да го решаваме” - тој беше многу жив по состанокот со Зоран Милановиќ.
Но, сето тоа е ситница во однос на неговата одлука која шокираше многумина. Милановиќ најави дека повеќе нема да се судира со Пленковиќ, туку тоа ќе го препушти на експерти, исто како што порано се преправаше Карамарко.
„Карамарко избегнува соочувања и се сокри во тимовите. Милановиќ ја води партијата, а Карамарко се крие зад партијата. Не е никаков проблем тоа јавно да дебатираме на програми и во тимови, но еден е одговорен за државата и јавноста треба да види дали му дава доверба за тоа” - беше став на СДП откако Карамарко ги повика на соочување тимовите и програмите за минатите избори.
Соочувањето во дуели на Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ можеби нема да донесе некаков спектакл, но сигурно би било важно за хрватската демократија. Впрочем, дури и тие кои ги сметаа за исти, можеби дојдоа на своето.
Конструктивни дуели чекавме 13 години, а на исчекувањето на таков дуел Зоран Милановиќ се градеше себеси како политичар. Поради тоа, неговото политичко претварање во Томислав Карамарко, човек кој со години го напаѓаше, станува уште почудно.
Но, можеби ќе почне да се предомислува.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад