Свет
16. November 2016 - 11:08

Член на ЦДУ: Меркел планира повторно да се кандидира за канцелар

Германската канцеларка Ангела Меркел има намера да се кандидира за четврти мандат, изјави денеска членот на нејзината Христијанско демократската унија (ЦДУ), Норберт Ретген.

- Ќе се кандидира за функцијата канцелар, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Ретген додаде дека Меркел „е апсолутно одлична и подготвена да придонесе за јакнење на меѓународниот либерален поредок“.

- Меркел е камен-темелник на политичкиот концепт на Западот, делувајќи како глобален играч, изјави Ретген.