Четворица повредени во трагедијата во Кочани префрлени на лекување во Белгија
Четири лица повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата, минатата ноќ се префрлени на лекување во Белгија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што информира Македонската амбасада во Белгија, повредените се сместени во четири различни болници во градовите Брисел, Антверпен, Лиеж и Шарлероа.
Настраданите беа префрлени во Белгија со специјален авион на Вооружените сили на Романија, со кој истовремено на лекување во Холандија беа пренесени уште четири други лица повредени при пожарот.
- Антонија, Маја, Петар и Драгољуб пристигнаа во Белгија. Благодарност до белгиската Влада, особено нивното МНР, за сета досегашна помош, како и до Романија и Европската Унија, кои го организираа специјалниот лет од Скопје до Брисел. Утре е нов ден, нова надеж за нашите млади сограѓани, им посакувам брзо закрепнување и здравје!, наведе македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски.
Истовремено, голем број македонски државјани кои живеат во Белгија понудија бесплатно сместување и превоз за членови на семејствата на повредените, а Амбасадата обезбеди и преведувачи, кои на повредените и нивните роднини ќе им помагаат за превод во комуникацијата со медицинскиот персонал.
Инаку, во нашата Амбасада во Брисел е отворена книга на жалост во која наши државјани, но и странски граѓани и дипломатски претставници, оставаат пораки за сочувство за жртвите во трагичниот настан во Кочани.
Заинтересираните можат да изразат сочувство секој ден во текот на оваа работна недела од 10:00 до 12:00 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата на жалост ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради