Честитка од Димитриев по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во РМ по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците.
- Со прославувањето на 28 Септември Република Македонија веќе десетта година по ред оддава почит кон бошњачката заедница во земјата, но и општо кон бошњачката заедница на Балканот. Одбележувањето на овој празник воедно претставува и симбол на нашата традиција и изградбата на нашето општество преку соживот, разбирање, толеранција и почитување на различностите. Таквиот пристап на почитување на различните културни, верски и идентитетски карактеристики претставуваат богатство на секое современо општество кое е насочено кон развој и унапредување на мултикултуризмот и интеграција на сите етнички заедници во општествените процеси, се наведува во честитката од Димитриев.
Посочува дека Република Македонија во изминатите години во повеќе наврати и преку голем број чекори, мерки и проекти јасно го демонстрираше таквиот пристап и посветеност.
- Силно сум уверен дека со активен придонес од претставниците на бошњачката заедница во нашата држава и во иднина ќе продолжиме заеднички да придонесуваме, како за негување на нашето мултиетничко општество, така и за нови проекти и нови дела кои се во интерес за сите граѓани на нашата држава. Честитајќи Ви го празникот, Ви упатувам изрази на високо почитување и Ви посакувам денешниот ден да го поминете во добро празнично расположение исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет. стои во честитката од претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори