Честитка од Димитриев по повод Еврејскиот празник Песах
Премиерот на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев по повод големиот празник Песах упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.
- Посветеноста кон вредностите и истрајноста е заеднички белег на македонскиот и еврејскиот народ. Тоа што ги обединува овие два народа е нивната упорност која воедно го обезбедила нивниот историски континуитет, истакнува Димитриев.
Нагласува дека Еврејскиот народ е дел од македонското мултикултурно општество и дека токму затоа овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија.
- Јас сум уверен дека и во иднина ќе продолжиме достоинствено да го прославуваме овој голем празник, а со тоа и да ги негуваме добрите односи кои Република Македонија ги има со Државата Израел, се наведува во честитката од Димитриев.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%