-->
-->
Брод западнал во неволја крај островот Паксос во Јонско Море
-->
Грчката крајбрежна стража добила аларм за помош, што бил испратен од брод со 30 патници, што западнал во неволја, во реонот на Парга и островот Паксос, во Јонско Море, информираа локалните медиуми.
Шефот на пристанишните власти во Крф за агенцијата АНА-МПА изјави дека еден од патниците им телефонирал и им објаснил дека бродот не може да се управува и дека патниците имаат потреба од помош.
Во реонот веднаш биле испратени бродови и чамци за да укажат помош.
Се претпоставува дека бродот останал без гориво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ