Брима Галуп: 82% од Македонците ги мијат рацете по одење во тоалет
Осумдесет и два отсто од граѓаните во Македонија ги мијат рацете со сапун по одење во тоалет, покажува истражувањето на Брима галуп интернационал.
На прашањето „До кој степен се согласувате или не се согласувате со следната изјава: Миење раце со сапун по одењето во тоалет е нешто што автоматски го правам“, десет проценти изјавиле дека до некаде се согласуваат, три проценти дека до некаде не се согласуваат и два процента не се согласуваат.
Со овие податоци Македонија е над глобалниот просек. Истражувањето покажало дека 65 проценти од анкетираните во 64 земји во кои тоа било извршено изјавиле дека се согласуваат со изјавата дека миењето раце со сапун по одењето во тоалет е нешто што автоматски го прават, 26 проценти од испитаниците се изјасниле дека до некаде се согласуваат, а нешто помалку од едно на 10 лица или околу 8 проценти не ги мијат рацете со сапун и вода.
Во Европа, Грците изјавиле дека се најчисти, односно 85 проценти се изјасниле дека автоматски ги мијат рацете со сапун и вода по одење во тоалетот, а пак најмалку го прават тоа Холанѓаните од кои само 50 проценти изјавиле дека ги мијат рацете по одењето во тоалет. Во Северна и во Јужна Америка, Колумбијците се покажале како најчисти. Таму 93 проценти од испитаниците се изјасниле дека автоматски ги мијат рацете со сапун и вода по одење во тоалет, додека во Мексико тоа го прават само 32 проценти.
Станува збор за глобално истражување спроведено во 64 земји во кое биле интервјуирани 62.398 лица. Во секоја земја националниот примерок опфаќа илјада мажи и жени кои биле интервјуирани лично, преку телефон или он-лајн. Истражувањето е спроведено во текот на септември-декември 2014 година. Во Македонија Брима спровела теренска анкета во домовите на испитаниците на национално репрезентативен примерок од 1.204 луѓе на возраст над 15 години во периодот од 1 до 24 ноември 2014 година.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот