Бошњаковски: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во Македонија и во Грција
Македонската Влада е целосно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и истото го добиваме и од другата страна, односно од Владата во Атина. Вчера самите јавно кажаа дека постои мнозинство во Парламентот во Атина да се ратификува договорот, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира македонската Влада изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дадена пред два дена во грчкиот Парламент.
– Во целост ги почитуваме и имплементираме одредбите што се наведени во Преспанскиот договор и нема ништо надвор од него. Истото го добиваме и од другата страна, односно Владата на Атина. Вчера кажаа самите јавно дека постои мнозинство во Парламентот во Атина кое ќе го ратификува договорот. Договорот ќе биде ратификуван прво во Македонија, потоа во Парламентот во Атина и Македонија во истиот момент ќе стане и земја членка на НАТО Алијансата, истакна Бошњаковски.
Инаку, Владата на вчерашната 108 седница го усвои текстот на четирите уставни амандмани кои се испратени во македонското Собрание на усвојување. По дебатата на нацрт-амандманите во македонското Собрание и организираните јавни расправи направени се измени во текстот на 34 и 36 амандмани.
Ново на Сител
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина