-->
-->
Болсонаро за својата иднина: Победа на избори, затвор или смрт
-->
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека има три алтернативни за својата иднина: затвор, смрт или победа на претседателските избори што се закажани во 2022 година.
„Има три алтернативи за мојата иднина: да ме уапсат, да бидам убиен или да победам на изборите следната година“, кажа 66-годишниот Болсонаро на средба со евангелистичките лидери.
Болсонаро верува дека ќе го освои вториот мандат, иако во сегашните анкети заостанува зад бившиот претседател Луис Инасио Лула де Силва. Тој ги повика евангелистичките лидери да се придружат на националните демонстрации на 7 септември, на кои ќе собира поддршка за изборите. Огромниот евангелистички гласачки блок имаше клучна улога во неговата победа на изборите во 2018.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен