Ердоган: Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми.
-Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата на самитот на алијансата во Вашингтон.
Тој додаде дека неговата земја ќе продолжи со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна.
Во исто време, Ердоган рече дека му наложил на својот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со арапската република.
Коментирајќи ја можната продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече дека разговарал со неговиот американски колега Џо Бајден, кој му рекол дека ќе го реши проблемот „за три-четири недели“.
Ново на Сител
-
Пронајден починат 85-годишниот скопјанец по кој семејството трагаше пет дена
-
Пораки на државниот врв од прославата на Илинден - Денот на Републиката
-
Потпретседателката Харис обезбеди доволно гласови за номинација од Демократската партија за кандидат за претседател на САД
-
Пронајдена марихуана во стан во Скопје, поведена истрага
-
ММФ: Азиските економии водечки во глобалниот економски раст
-
Американски воен хеликоптер се урна во јапонско оризово поле
-
Зголемена фрекфенција на возила на граничните премини
-
Сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд