Бочварски: Активно се работи против нелегалните дејствија на одредени превозници
Министерот за транспорт Благој Бочварски, во коментар на информациите дека уште еден автобус со фалсификувани документи ја напуштил државата превезувајќи патници, порача дека се работи на сузбивање на таквите појави. Институциите, истакна тој, бараат начин и решение за спречување на сите нелегални дејствија што ги вршат одредени превозници.
На новинарско прашање што презема Министерството за транспорт за санкционирање на превозниците без лиценци и дали е почната проверка на сите издадени лиценци за вршење превоз, Бочварски рече дека се постапува секојдневно.
– Како Министерство постапуваме секојдневно. Таму каде што согласно Законот можеме, веднаш ги одземаме и лиценците и сите оние документи за кои компаниите немаат документација или прекршиле некаков член од законите. Што се однесува до овој случај конкретно, Министерството за внатрешни работи постапи во негова ингеренција и се санкционираше еден ваков пример, што значи дека државата работи на сузбивање на сите овие појави кои се случуваат. Ние како Министерство продолжуваме со активна работа и борба против ваквите појави во државата, рече Бочварски.
Ново на Сител
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица