Бесими: Со буџетот 2021 обезбедени 1,14 милијарди евра за поддршка на домашната економија
Со буџетот за 2021 година издвоени се 1,141 милијарди евра за областа економски работи издвоивме износ од 1,141 милијарди евра. Со нив ќе се поддржат инвестициските активности на домашните претпријатија, привлекување на странски директни инвестиции, инвестирање во развојните зони, малите и средни претпријатија, подобрување на конкурентноста, поддршка на домашниот туризам, вели во интервју за „Капитал“ министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој посочува дека „здравје“ е клучниот збор за предлог-буџетот 2021 година. Кога истиот е креиран – приоритет бил здравјето на граѓаните, понатаму заздравување на економијата, здрав систем на јавни финансии и доброфункционален општествен систем воопшто, како и дека сите тие работи се меѓусебно поврзани.
-Прво и најбитно нешто се нашите граѓани и нивното здравје. Оттаму за областа здравство годинава има издвоено 664 милиони евра со кои ќе се покријат јавните здравствени услуги, здравствените материјали и опрема, но и капитални инвестиции во здравството. Исто така, за социјална заштита се издвоени 1,47 милијарди евра за поддршка за ранливите категории граѓани, активни мерки за вработување и останати мерки за обезбедување на пристоен живот за сите граѓани, вели Бесими.
Во насока на обезбедување на стабилноста во јавните финансии од буџетот 2021 се пристапи кон фискална консолидација, посочува Бесими и наведува дека ќе се оди кон постепено намалување на јазот помеѓу приходите и расходите.
-За следната година проектираме буџетски дефицит од 4,9% од БДП или за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година. На среден рок се планира да продолжи буџетската консолидација, односно до 2025 година да се сведе на -2,1%. Со ова на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг на ниво под Мастришкиот критериум или 58,8% од БДП во 2025.-вели Бесими.
Министерот за финансии посочи дека преку буџетот ќе се дејствува стратешки на повеќе полиња, а истовремено се обезбедени и бафери во П1 програмата на Владата за нови мерки.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите