Белата куќа цел на и-мејл шегаџија
Високи службеници во Белата куќа станаа цел на Британец што се претставува себеси како „и-мејл шегаџија".
„Натрапникот“ успеал (со измама) да ја извлече и личната мејл адреса на одговорниот за кибербезбедност на претседатлската резиденција Том Босерт, меѓу другите. „Шегаџијата“ добиените адреси ги доставил до Си-Ен-Ен, притоа нагласувајќи дека целта не му била злоупотреба на лични податоци.
Сепак, тој е изненаден од тоа колку лесно ја добил адресата на Босерт, имајќи ја предвид неговата функција и должности.
Меѓу „жртвите“ на оваа шега се и Ентони Скарамучи, сега веќе поранешниот директор на комуникации во Белата куќа, како и синовите на Доналд Трамп.
Според експертот за кибербезбедност во ФБИ, Адам Малоун, случајот е класично „мрежно рибарење“ (фишинг напад), коешто го заблудува корисникот и го тера да оддава свои лични податоци. - Тоа е најраспространетиот метод за измама на интернет и доколку не се внимава, никој не е заштитен, дури ни специјализирани лица, нагласува тој.
Од Белата куќа ги потврдија наводите, и додаваат дека во тек е внатрешна истрага.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори