Бектеши: Не е моја работа да предлагам кој ќе биде сменет со реконструкцијата
Не е моја работа да правам анализи и да му предлагам на мандатарот кој ќе биде сменет, а кој не, вели министерот за економија Крешник Бектеши запрашан дали очекува да биде опфатен со најавената реконструкција на Владата од страна на премиерот Зоран Заев.
Тој на денешната прес-конференција во врска со објавените јавни повици од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата, запрашан за коментар, рече дека не држат оценките за потфрлување во економските ресори имајќи ги предвид бројките и извештаите објавени од Заводот за статистика.
-Ние како Министерство сме надлежни за политиката што се спроведува во индустријата, туризмот, трговијата. Ако ги земете бројките ние веќе година и пол имаме голем раст, а во некои области дури и двоцифрен раст, вели Бектеши на новинарско прашање во врска со изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека со реконструкцијата на Владата ќе се зајакнат економските сектори и критиките на министерот Дамјан Манчевски дека потрфлиле економските министерства.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз