Бактерија МРСА откриена кај воспитувач и дете во градинка во Кисела Вода
Бактерија МРСА е откриена кај воспитувач и дете од градинката „Весели цветови“, клон Кокиче во општина Кисела Вода, но нема потреба од паника, изјави денеска за МИА д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје.
– Тоа е бактерија што не е патогена за лица и деца со нормален имунитет. Станува збор за вид бактерија која се јавува во заедницата, а не хоспитална бактерија што е опасна за новороденчиња и за лица што лежат во болници со намален имунитет итн. Учителката е на една страна, детето е во друга група и нема никаков проблем, рече д-р Даниловска.
Таа посочи дека во градинката има високо ниво на хигиена и дека правеле и сега направиле комплетна дезинфекција.
– Се прави дезинфекција на играчки, садови за јадење, а често се прави и проветрување. Од наша страна нема потреба ништо посебно да се преземе освен што тие си побараа редовна дезинфекција. Постојано има такви видови МРСА кои се јавуваат секојдневно кај луѓе. Не живееме во стерилни услови. Немаат симптоми случаите со МРСА и може некоја локална терапија да им се даде. Не е опасна за тие кај кои се појавила, ниту за другите. Има ситуации кога таа бактерија не мора ни да се лекува, додаде д-р Даниловска.
Ново на Сител
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави