Бајден: Најцрните денови во борбата против коронавирусот се пред нас
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во божиќната порака до сонародниците синоќа истакна дека борбата против пандемијата продолжува и ја обвини актуелната администрација што дозволила да се случат големи кибер напади врз САД.
Запирање на пандемијата на коронавирусот и обновата на американската економија е една најважните работи со кои новата администрација на Бајден ќе се зафати по преземањето на Белата куќа.
-Најцрните денови во борбата против вирусот се пред нас, а не зад нас, треба да покажеме трпение, издржливост и одлучност за да го победиме, рече тој. Побара Американците да бидат внимателни за празниците, „да се грижиме еден за друг и да останаме уште малку разделени, како што направивме и за Денот на благодарноста“.
Бајден го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа што ги потценил кибер нападите.
Повеќе официјални лица ја обвинија Русија за неодамнешните кибер напади врз десетици американски државни агенции и за ширење штетни програми кај илјадници компании. Новоизбраниот претседател за ова изјави дека не постојат индиции дека ситуацијата е под контрола. Предупреди дека САД нема да седат со скрстени раце, а ќе одговорат на нападите.
Бајден го обвини актуелниот претседател во тоа што не обезбедил заштита на земјата. Исто така, ги искритикува службите дека не соработуваат целосно во преземањето на власта од неговиот тим, и дека Министерството за одбрана „не сака дури и да нѐ брифира за многу работи“.
Бајден го пофали Конгресот за донесување на законот за економска помош, и вети дека веднаш по преземањето на власта, ќе побара дополнителни мерки за заштита на Американците.
Бајден истакна дека направил „очигледен избор“ за државен обвинител на САД. Си-Ен-Ен дознава дека името на носителот на оваа позиција ќе биде обајвено денеска или најдоцна утре.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален