Баербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка
Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани.
– Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност на дело. Ние сме заедно за ова безбедносно прашање, посочи Баербок. Одбранбени системи Патриот и околу 300 војници на Бундесверот беа стационирани во Словачка по почетокот на војната во Украина.
Дополнително, во април, Бундесверот испрати дополнителни 300 војници во мултинационална единица на работната група во земјата што граничи со Украина. Бербок наведе дека во Словачка во моментот се распоредени 640 војници.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата