Австрија планира електронски алки за следење осомничени џихадисти
Австрија размислува за воведување електронски алки за спедење на осомничени џихадисти, кои се вратиле од зоните на борбени дејствија во Ирак и Сирија, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.
- Уверен сум дека е сосема соодветно луѓето, кои претставуваат потенцијална закана за безбедноста да бидат следени, таа што властите ќе знаат што прават тие, со кого се среќаваат, рече министерот.
Предлогот за електронски алки го поддржа и министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка.
Овој предлог може да се вметне во нацрт-законот за зајанување на мерките за безбедност и зајакување на имиграциското законодавство, кое сега се разгледува од владејачката коалиција.
Според Министерството за внатрешни работи околу 300 симпатизери на исламистите си заминале или се обидуват да ја напуштат Австрија за да заминат во борби во Сирија и Ирак. Четириесет од нив се убиени таму, а 90 се вратиле во Австрија.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата