Австралија: Кенгур го убил 77-годишниот сопственик, прв ваков случај од 1936 година
Возрасен Австралиец (77), починал откако бил нападнат од кенгур што го чувал како домашно милениче. Ова е првиот смртоносен напад од овие торбари, по 1936 година, соопштија австралиските медиуми.
Според наводите, болничари биле повикани на имотот на човекот во Редмонд, околу 400 километри југоисточно од Перт, во Западна Австралија. Настанот се случил во неделата попладне, откако тој очигледно бил нападнат од кенгурот.
Член на семејството го нашол сопственикот на кенгурот сериозно повреден, а животното станало насилно кога болничарите се обиделе да му пријдат на човекот. Тие морале да го усмртат торбарот. Кусо потоа, човекот им подлегнал на повредите.
Ретки се напади од кенгур со смртни последици. Последниот пријавен смртоносен напад се случил 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен во Нов Јужен Велс.
Ново на Сител
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?