Македонија
7. February 2020 - 10:57

Атиџе: Каде и да одам, што и да правам, дури ме служи здравјето и снагата не се откажувам од пчелите

Македонскиот документарец „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата. Атиџе со ведрина во гласот се присетува на безгрижните детски денови во селото Бекирлија. Во детството, Атиџе неколку пати се соочила со страшни убоди од пчелите, но така и ги засакала.