Археолошка конференција „Неолитот во Македонија III“
Вкупно 17 реферати од триесетина археолози од Македонија, Србија, Грција, Словенија, Чешка, Австрија, Германија и од Швајцарија ќе бидат презентирани на третата конференција „Неолитот во Македонија“, што денеска се одржува во Археолошкиот музеј на Македонија, во организација на Центарот за истражување на предисторијата.
Археолозите на конференцијата ќе говорат за најновите сознанија поврзани со неолитското културно наследство во Македонија и за научните проблеми што се однесуваат на бројни отворени прашања во рамки на предисториската археологија.
На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат презентирани најновите сознанија од истражувањата на неолитските локалитети во велешкиот, полошкиот, кумановскиот и во пелагонискиот регион, вклучувајќи ги и резултатите од кабинетските, теренските и од теориските проучувања. Ќе бидат промовирани и новите методи што се применуваат при истражувањето на неолитските населби во Македонија, како што се просторните, геомагнетните, зооархеолошките и археоботаничките анализи, 3D моделирањето на артефактите и тековните пристапи во толкувањето на архитектурата, садовите, алатките и човечките претстави од ова време.
Во рамки на конференцијата ќе бидат промовирани најновите изданија на Центарот за истражување на предисторијата, зборникот на трудови „Неолитот во Македонија: чекор напред во проучувањето на првите земјоделски општества“ и монографијата на Дарко Стојановски „Grnčarica: contribution to Early Neolithic puzzle in the Balkans“.
Конференцијата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот