Македонија
5. April 2018 - 14:59

Апелација потврди 7 решенија за притвор за настаните од 27 април

Апелацискиот суд Скопје денеска потврди 7 решенија за притвор за настаните во Собранието лани на 27 април.

Жалбата на режисерот Борис Дамовски за мерката куќен притвор беше одбиена. Останатите шест жалби беа на решенијата за притвор. И тие беа одбиени. Во притвор, меѓу другите остануваат и началникот во МВР Душко Лазаров и Горанчо Ангеловски од велешкото здружение Ќосето.