Македонија
29. December 2021 - 16:27

Апелација ја прифати жалбата, укинат е притворот за Сашо Мијалков

Апелациониот суд го укина притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Судот постапувајќи по жалба го укинал решението на кривичниот суд кој по барање на Обвинителството одреди нов притвор.

Од апелациониот суд за Сител велат дека решението е веќе испратено до Кривичниот суд кој што треба да го проследи барањето до Истражниот затвор Скопје по што Мијалков може да биде ослободен.