Американската војска во Рамади убила 350 борци на Исламска држава
Американската војска соопшти дека во воздушните напади во последните денови врз западниот ирачки град Рамади убиени се 350 борци на Исламска држава.
Портпаролот на американската воена команда во Багдад, Стив Ворен, на прес конференција во Пентагон изјави дека во Рамади имало меѓу 600 и 1.000 борци на Исламска држава. Џихадистите го зазедоа овој ирачки град во мај.
На одвоена прес конференција американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, изјави дека напредокот на силите на ирачката Влада во повторното освојување на овој град тече „разочарувачки бавно“.
-Уверен сум дека градот ќе падне и ние ќе помогнеме во тоа, рече Картер, мислејќи на Рамади.
Картер наведе дека, доколку тоа го побара ирачката Влада., САД се подготвени да понудат и воени хеликоптери „апачи“.
Ворен подоцна кажа дека „апачите се подготвени“, доколку Вашингтон и Багдад „дадат зелено светло“, пренесоа американските медиуми.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ