-->
-->
Албанија ги укина визите за пет држави до крајот на годинава
-->
Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави
Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд.
– Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел да донесе што е можно повеќе странски туристи, се наведува во образложението.
Одлуката стапува во сила веднаш, со важност до 31 декември годинава.
Албанија минатата година регистрираше рекордна бројка на странски туристи или 7,5 милиони, што е за 35 отсто повеќе од претходната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради