Aкција на администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ за почисто Скопје
По повод Глобалниот ден на чистотата, администрацијата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје ќе организира акција за чистење на централното градско подрачје. Акцијата ќе се одвива утре под мотото „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“, а почетокот е закажан во 10 часот на Градскиот плоштад.
- На овој начин сакаме да покажеме дека чистотата и хигиената на Скопје не зависат само од екипите на ЈП „Комунална хигиена“ кои еднаш во текот на денот ги празнат садовите за отпад и ги метат и мијат јавните површини. Сите граѓани на главниот град со своето совесно однесување и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна околина, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Преку оваа акција, како што рече, сакаме уште еднаш да апелираме до граѓаните својот комунален отпад да го ставаат само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција на отпадот, да вршат примарна селекција на отпадот и да не создаваат диви депонии.
Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат сите граѓани и институции да учествуваат во акцијата.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот