-->
-->
ОН: 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење
-->
Обединетите нации денеска соопштија објавија дека околу 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до чиста вода за пиење, бидејќи скоро 50 проценти од мрежата за водоснабдување е уништена во неодамнешниот вооружен судир меѓу Хамас и Израел.
Како што јави телевизијата Ал Арабија, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи соопштила дека околу 17.000 станбени, јавни и деловни згради биле оштетени или уништени за време на единаесетдневниот конфликт.
Според Светската организација, од 10 мај, кога почна конфликтот, оштетени се 53 образовни институции, шест болници и 11 здравствени домови.
Училиштата во Газа се затворени, поради што околу 600.000 ученици не посетуваат настава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката