-->
-->
187 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас, 63 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести