167 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за непрописно престигнување и обиколување...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата