154 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат