Македонија
27. April 2021 - 9:33

118 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Ново на Сител